Од денеска почнува новогодишната програма на Плоштадот „Македонија“

Од денеска (15 декември, сабота) до 31 декември ќе трае новогодишната програма во во населбата „Винтерленд“ на плоштадот „Македонија“. Годинешната прослава започна со детската програма „Волкот низ приказните“, улични забавувачи и дружење со маскоти со ликовите од Волт Дизни.

Програмскиот дел во текот на неделата ќе почнува од 17 или од 18 часот, а во текот на викендите од 11 или од 12 часот, шти што ќе  трае до 22 часот, а во некој денови и до полноќ.

„Дојдете и бидете дел од новогодишната населба „ВИНТЕРЛЕНД“, што ја сочинуваат украсени куќички каде што има катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер за посетителите од сите возраста. Ќе има и топ за вештачки снег, со што ќе се дополни зимската слика, а за вљубениците во зимските спортови во населбата е поставено и лизгалиште на мраз“, порачуваат од град Скопје.

Во културно-забавната програма ќе учествуваат: Театарот за деца и младинци, Златно славејче, улични забавувачи, Walt Disney маскоти, балетската и фолклорна секција од ДКЦ, хоровите од средните училишта на Град Скопје „Никола Карев“, „Раде Јовчевски-Корчагин“,„Васил Антевски-Дрен“,„Панче Арсовски“, СУГС „Д-р Панче Караѓозов“, СУГС „Јосип Броз-Тито“ и „Орце Николов“, како и ди-џеј Flooder, ди-џеј Милан Серафимов, Plan G, RNC Band, In the mood, Day OFF, Марко и Црни, DNK, Мина Блажев, ди-џеј Тина, Goce SAF, Лозано, Lady Blue, Peppermint, South Park, Салса бенд, Breakdown, Kepurdhat, Ѓоко Танески, Дарио, Џоле Максимовски, Tafa&Theband и Тони Зен.

Новогодишната програма и „Винтерленд“ се поддржани од Делегацијата на Европската Унија која го обезбедува лизгалиштето што е поставено на плоштадот Македонија како дел од новогодишната населба. Исто така, настапите на средните училишта од Град Скопје, како дел од забавната програма, се поддржани од Делегацијата на Европската Унија.