Од денес може да се „реагира“ на Фејсбук – новото копче достапно за сите

Обновеното „лајк“ копче на друштвената мрежа Фејсбук од денес е достапно за сите. После неколку месеци тестирање, редизајнираното копче има четири нови реакции – „haha“, „love“, „wow“, „sad“ и „angry“.

Реакциите се слични на „лајкот“ – може да се види колку и кои луѓе реагирале на одредена објава или фотографија.

Тим на Фејсбук во изминативе месеци спроведувал истражувања и анкетирал корисници, за да дознае што точно му недостига на „лајк“ копчето.

Заклучокот бил дека новите реакции се универзални и лесно можат да се преведат во сите земји каде луѓето користат Фејсбук. Токму од таа причина алатката била најпрво тестирана во Шпанија, Португалија, Чиле, Јапонија и Колумбија.

Промената е направена откако многу корисници на Фејсбук бараа да се воведе „дислајк“ копче, бидејќи „лајкот“ не е соодветна реакција за тажни соопштенија или слично. Сепак, од компанијата одлучија да понудат „понијансирани“ реакции, бидејќи сметаат дека со dislike копче би се зголемило сајбер насилството.

Извор: Mashable