Од денес е достапна бесплатната платформа за пренос во живо на BitTorrent

Од денес започна да функционира бесплатната платформа за пренос во живо на музика и видео, поддржана од BitTorrent. Платформата не го опфаќа секој уметник, туку оние кои ќе се приклучат.

Компанијата е позната по тоа што им дава поддршка на уметниците во изминативе години, правејќи ги нивните музика и филмови достапни преку своите сервиси за споделување. Во 2014 година, фронтменот на британскиот бенд Radiohead Тој Јорк, бесплатно објави соло албум преку BitTorrent.

Идејата е корисниците да можат да откриваат независни и големи уметници преку платформата и да ја стримаат нивната содржина бесплатно на повеќе уреди, но претходно мора да се справат со рекламите. Сепак, не сите албуми се целосно бесплатни, односно за некои албуми ќе биде потребно да се плати за да се прескокнат рекламите.

Засега, платформата насловена BitTorrent Now е достапна како андроид апликација, додека верзиите на iOS и Apple TV се уште се во изработка.

Компанијата соопшти дека уметниците кои ќе придонесат во платформата ќе добијат 70 до 90 отсто од парите кои ќе се добијат преку рекламите.