Од бомбашко засолниште во Лондон, до најголемиот подземен расадник на светот

Повеќе од 30 метри под гужвестите улици на Лондон, постои огромен, подземен и напуштен простор. Оригинално изграден да служи како засолниште од бомби во Втората светска војна, наменет за таму да се згрижат и живеат околу 8 000 луѓе.

1 3

 

Просторот останал напуштен седумдесетина години, се додека претприемачите Richard Ballard и Steven Dring не одлучиле да го претворат во најголемата светска подземна фарма „Growing Underground“. И зачудувачки, мсестото каде што сонцето никогаш не свети се покажало како идеално за градина.

Вертикално поставените хидрофонични рафтови се одлични за одгледување мали зелени растенија кои имаат кратот циклус на растење како поточарки или тајландски босилек. . И благодарение на компјутерски контролираните температурата, осветлување и проток на хранливи материи во подземната градина, може да се одгледуваат растенија без сончева светлина и со 70% помалку вода отколку во конвенционалните расадници.

Со помош на готвачот Michel Roux,  компанијата работи во партнерство со локалните ресторани, а производите од расадникот до трпезата се испорачуваат за 4 часа. Според очекувањата, откако производтвото ќе се оптимизира, „Growing Underground“ ќе бидат во можност да произведуваат до 20 тони култури, на годишно ниво.