Од април ќе се доделуваат светски награди за електронска музика

Кога станува збор за признанијата во музичките кругови, претставени преку угледната награда „Греми“, два музички жанра се веројатно најзапоставени низ годините: електронската музика и хип хопот. Додека хип хоп музиката има свои „светски“ признанија, како БЕТ наградите, електронската музика досега немаше свои „гала“ награди. Ова ќе се смени од пролетва, за кога е најавено првото издание на Наградите за електронска музика, кое на 23 април ќе го пренесува телевизијата Фокс.

Шоуто ќе го продуцираат легендарниот диџеј Paul Oakenfold и TV4 Entertainment, а ќе биде снимено на 14 април во Лос Анџелес. Од Фокс тврдат дека на настанот ќе присустваат „водечките артисти од електронската музика, креативци, менаџери и визионери“, досега нема потврда за присуство од големите EDM ѕвезди, а нема ниту други информации за номинациите и добитниците.