Од 2004 година се уништени повеќе од 43 милиони хектари прашума

Повеќе од 43 милиони хектари прашума, област поголема од Германија се уништени од 2004 година, соопшти Светскиот фонд за природа (ВВФ), пренесува „Ал Џазира Балканс“. Секоја година се сече се повеќе прашума, главно за потребите на земјоделството.

Областите богати со биодиверзитет се сечат за да се создаде простор за добиток и земјоделски култури. Пресметките на ВВФ се темелат на салитески снимки направени помешу 2004 и 2018 година во 29 особено загрозени региони.

Анализата на организацијата покажала дека сечењето на шумите на 29 локации во Јужна Америка, Африка и југоисточна Азија резултирало со исчезнување на повеќе од половина од прашумите во светот.

Најголемата девастација се случува во подрачјето на Амазонија во Бразил, Колумбија, Перу, Боливија, Венецуела и Гвајана, каде се срамнети со земја вкупно 18.2 милиони хектари прашума.

Останатите „жаришта“ каде што се сече се Борнео, Парагвај, Аргентина, Мадагаскар и Суматра. Приближно половина од прашумите во наведените подрачја сега се патишта или обработливи земјишта, што ги прави особено подложни на суши и пожари, велат од ВВФ.