Од 17 до 19 мај ќе се одржи најголемата еколошка акција во Македонија „Генералка викенд“

Од 17 до 19 мај во организација на „Мен енд Маунтен“, заедно со партнерите Пивара Скопје и Пакомак, четврта година по ред ја организира масовната еколошка акција „Генералка викенд“.

Оваа година ќе се чисти во сите 81 општина и во националните паркови Шар Планина и Галичица. Како што истакнуваат организаторите, повеќе од 16.000 волонтери од над 200 организации, граѓански, спортски и пензионерски здруженија и од повеќе од 300 образовни институции се очекува да излезат и да чистат на над 300 локации.

За секои 10 кг собран отпад, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со Национални шуми ќе посветат по 1 дрво во нивните годишни планови за пошумување. Од 2022 година биле засадени повеќе од 100.000 дрвја.

Деталите за сите локации можат да се најдат на следниов ЛИНК.