Од 1 јули започнува „Летна биолошка онлајн школа“ за млади

„Dora’s Biology“ од Штип ги повикува сите млади истражувачи, вљубеници во природните науки и биологијата, сите средношколци и студенти да се прикучат на онлајн дружба за збогатување и продлабочување на нивното знаење во областа на биологијата.

„Летна биолошка онлајн школа“ ќе започне од 1 јули, а заинтересираните ќе можат да ја следат индивидуално или во група до 5 лица.

„Времетраењето на еден наставен час е 60 минути. Се’ што ви е потребно е компјутер и стабилна интернет конекција. Можност за посетување еднаш, двапати или трипати во неделата“, велат организаторите.

Школата фунционира со тоа што, по пријавувањето, ако заинтересираните изберат индивидуална настава, добиваат план, адаптирана програма и термин. За групите исто така се добива план и адаптирана програма според возрасната група.

Повеќе информации за „Летна биолошка онлајн школа“ – тука.

Инаку, „Dora’s Biology“ е првата биолошка школа во Штип, која ќе ја проучува биологијата како наука од најрана возраст. Целта на „Dora’s Biology“ е насочена едукација на децата и приближување на биологијата, а воедно и природните науки кон нив.