„Очи во очи со непознат“ во скопскиот Градскиот парк

Во стариот дел од скопскиот Градски парк на 21 април (недела) ќе се одржи настан именуван „Очи во очи со непознат“.

„Велат очите се прозор на душата. Ова е дефинитивно настан кој го потврдува тоа. На кратко, Визуелниот Експеримент е глобален настан кој ја промовира човечноста и нашата изгубена врска со самите себе, и помеѓу себе. Често слушаме (и чуствуваме) како сме осамени повеќе од било кога, покрај сите социјални медиуми кои ги користиме. Целта на овој настан е да го измени статус квото и да не потсети на најчистата и најискрена форма на не вербална комуникација – очи во очи. Седиме на Земја, ги ставаме телефоните настрана и за најмалку 60 секунди го споделуваме контактот очи во очи со целосно непозната личност наспроти нас. Без зборување“, стои во најавата за настанот.

Иницијаторите велат дека можеби звучи малку страшно, и ако некој не го пробал досега навистина и е.

„Но, ќе откриете дека ова е една од најдобрите и најчисти работи која можете да ја споделите. Ако останувате подолго и сакате да ви приоѓаат луѓе, препорачливо е со себе да понесете черга, перниче или нешто на што ви е пријатено да седите. Постери се исто добредојдени“, се вели во најавата за настанот.

Инаку, настанот e најавен од 13 часот околу јапонската цреша, во близина на голема корпа со љубичици во стариот дел од Градскиот парк.