„Occupy all streets: Кога институциите ќе стивнат“, дебата на ЏЕФ Македонија

На 22 мај (недела), со почеток во 17:00 часот, во просториите на МКЦ Клуб Ресторан ќе се одржи дебата на тема: „Occupy all streets: Кога институциите ќе стивнат“ на здружението „Млади Европски Федералисти – Македонија“ (ЏЕФ Македонија).

Целта на дебатата е да се адресираат вон-институционалните механизми за справување со политичката криза во Македонија, со осврт на протестите организирани од различни групи на граѓани. Секој панелист ќе ги елаборира своите тези во врска со процесот на справување со кризата, надвор од институциите.

ЏЕФ Македонија во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт – Македонија, неколку години наназад организира серија на дебати наречени „Europe Talks” на различни општествени теми важни за развојот на демократијата и за процесот на интеграција на Македонија во Европската Унија.

По завршувањето на дебатата, ЏЕФ Македонија че го прослави својот 25 роденден.