Обвинителство се чисти од симболите на Шарена револуција

Работници денеска попладнево ја чистеа бојата фрлена врз зградата на Основното јавното обвинителство Скопје за време на протестите на Шарената револуција.

Видеото го објави новинарот Горан Лефков, со опис „Обвинителство се чисти од симболите на Шарена револуција“

Obvinitelstvoto se cisti od simbolite na sarenata revolucija….

Posted by Goran Lefkov on Thursday, 28 March 2019

Боите на Шарената револуција, која беше клучна за промената на власта и падот на Владата на Никола Груевски, три години подоцна се уште ги „красат“ дел од институциите.

Покрај зградата на Јавното обвинителство во Скопје, боја има и на зградата на Собранието, на УЈП, на Министерството за култура.

За бојата, казните и епилогот од Шарената револуција, Радио МОФ зборува и во последниот Мегафон.