Обвинителство: Осуммина осомничени за корупција на УКИМ

Шест универзитетски професори, еден демонстратор и еден управител на бифе во универзитетскиот комплекс се осомничени за кривични дела од коруптивна природа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“во Скопје, соопштија од Основното јавно обвинителство.

Оттаму додаваат дека по повеќемесечна оперативна обработка на податоци се прибрани докази кои укажуваат на основано сомнение за сторени кривични дела во кои како оштетени се студенти од УКИМ.

Лицата се сомничат за сторени повеќе кривични дела за кои ќе се одлучува по спроведената истрага. Освен примање пари, од Обвинителство се сомневаат дека дел од професорите барале извршување на сексуални услуги заради полагање на испит.

ВО ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА Е УАПСЕН ПРОФЕСОРОТ БОБЕК ШУКЛЕВ

„Во текот на вчерашниот ден при преземените дејствија за прибирање на докази по издадената Наредба за претрес, еден од професорите е затечен инфлагранти во извршување на кривично дело – Примање на поткуп од 1000 евра, додека за останатите се обезбедени докази во изминатиот период“, се вели во соопштението на Обинителство.