Обвинет еден од студентските лидери на протестите во Хонг Конг

Властите во Хонг Конг започнаа со острите мерки против организаторите на „Чадор револуцијата“. Лидерите на студентите во продемократските протести вклучувајќи го и 18-годишниот Џошуа Вонг се обвинети за разни кривични дела кои се однесуваат на граѓанското непослушно движење.

„Бев држен три часа и бев уапсен под обвинение за повик, поттикнување и учество во неовластено собирање“, изјави Вонг за новинарите од полициската станица во градот, а пренесува Франс Прес.

Властите во кинескиот специјален административен регион од неодамна почнаа да ги таргетираат оние кои биле дел од протестите, кои го парализираа центарот на градот три месеци.

Причината поради која започна револуцијата е тоа што демонстрантите го бараа правото слободно да го изберат претседателот на владата до 2017 година. Властите во Пекинг инсистираат на прва стручна проверка на сите кандидати.

Извор: Тime