Обуки за нови медиуми и интернет активизам

Младински образовен форум, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, распишува повик за учесници за „Обуки за нови медиуми и интернет активизам“.

Обуките ќе се реализираат во 13 градови во Република Македонија (Скопје, Велес, Штип, Кратово, Делчево, Куманово, Гевгелија, Тетово, Кичево, Дебар, Струга, Битола и Неготино), во соработка со МОФ центрите, во периодот 27 октомври – 01 декември 2012 година. Обуките се еднодневни (8 часа вклучувајќи и паузи), а ќе се реализираат за време на викендите (сабота или недела).

Кандидатите за учество на обуките треба да ги исполнат следните услови:
• Да се на возраст од 16 до 25 години;
• Да покажуваат интерес за вклучување во идни онлајн иницијативи и кампањи;
• Да покажуваат интерес за новите медиуми и онлајн алатки;
• Да покажуваат интерес за интернет, аудио и видео активизм.

Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 13-ти октомври 2013 година, преку испраќање на пополнета пријава на obuki@mof.org.mk. Пријавата за учество може да се преземе тука.

Бројот на учесници е ограничен. Обуките се бесплатни и ќе бидат спроведени на македонски јазик од страна на искусни обучувачи од МОФ. При селекцијата на кандидатите ќе биде земен предвид етничкиот и родовиот баланс на групите.

Повеќе информации на: obuki@mof.org.mk или на телефонот 02/3139 692 локал 103.

Проектот на УСАИД за граѓанско општество го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија во соработка со четири граѓански организации: Младински образовен форум, Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација, Центар за граѓански комуникации и Реактор – Истражување во акција.