Обуки за неформални работни вештини за млади во Тетово

Институтот за развој на заедницата (ИРЗ) Тетово спроведува обука за стекнување работни вештини кои не се дел од формалното образование, а се повеќе се барани на пазарот на трудот, за триесетина млади од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Косово, Грција, Хрватска, Бугарија, Турција и Шпанија.

Обуки за неформални работни вештини за млади во Тетово

Работните вештини и знаења кои младите ги здобиле преку формалното образование не одговараат на барањата на пазарот на трудот и потребите на работодавачите, велат од Институтот за развој на заедниците, објави МИА.

„Начин за надминување на ваквите недостатоци се обуките за стекнување работни вештини, кои не се дел од образованието во македонските универзитети и средните училишта, а се се повеќе барани кај работодавците. Ваквите обуки во земјава ги има во многу мал број. Државата но и локалните власти теба да посветат поголемо внимание во неформалното образование“, изјави координаторот на проектот Бојан Стојановски.

Според него, потенцијалите на неформалното образование за ублажување на тешките последици од невранботеноста се навистина големи и тие треба да се искористат во нашата земја.

Пабло Јаблонски Гарсиа од Шпанија, учесник на обуката вели дека Шпанците се почесто ги користат вештините стекнати надвор од универзитетите за да најдат работа. Слична е состојбата и во Србија каде без обука во соодветна област многу е потешко младите да се вработат.

Обуката „Вештини за подобра иднина“ се одржува со предавачи од Србија и Македонија. Проектот е финансиран од Европската унија во рамките на Програмата „Млади во акција“.