Обуки за младински работници март-декември 2014

Во периодот од март до декември 2014 година во Скопје, Центарот за младински активизам КРИК во соработка со младинската организација Креактив ќе спроведува обуки за младински работници кои ќе се одвиваат во 4 циклуси.

млади

Првиот циклус се 9 обуки за младински работници во март и април 2014. На овие обуки учесниците ќе стекнат знаење, техники и вештини за спроведување на различни видови на младинска работа, а обуките ќе ги водат обучувачи – експерти во областа.

Вториот циклус е периодот каде учесниците заедно со менторите ќе ги планираат програмите кои ќе ги спроведуваат од септември до декември низ различни институции во Скопје. Овој циклус ќе се одвива во месец мај.

Третиот циклус е краткоточна пракса во партнерска младинска организација, а по избор на учесниците која ќе трае 2 недели. Освен праксата во младинска организација, учесниците ќе бидат пратени на интернационален настан (тренинг, младинска размена, камп…). Овој циклус ќе се одвива во текот на летниот период.

Четвртиот циклус е теренска работа, т.е. младинска работа во институции или Street Based Youth Work. Овој циклус ќе се одвива од септември до декември 2014 година.

По завршувањето на обуките, учесниците имаат можност да продолжат со работата или понатаму да развиваат нови проекти и програми во склоп со годишните активности на организациите.

Ова се датумите за обуките од првиот циклус, а учество на секоја обука е задолжително.

Обука 1 – 22.03.2014 сабота: Информации за целата програма. Мотивација и личен идентитет.

Обука 2  – 29.03.2014 сабота: Основи и типови на младинска работа.

Обука 3 – 30.03.2014 недела: Работа со индивидуалци и групи.

Обука 4 – 05.04.2014 сабота: Социјално претприемништво.

Обука 5 – 06.04.2014 недела: Разрешување на конфликти и посредување.

Обука 6 – 12.04.2014 сабота: Street Based Youth Work.

Обука 7 – 13.04.2014 недела: Воспоставување на комуникација и доверба на младинскиот работник со групата.

Обука 8 – 26.04.2014 сабота: Младите и младинската работа во Македонија.

Обука 9 – 27.04.2014 недела: Финална евалуација и затворање на првиот циклус.

Услов за пријавување е учесниците да имаат над 18 години. За целосната програма во времетраење од 10 месеци се плаќа партиципација од 500 МКД.

Доколку сте заинтересирани да се пријавите за учество за обуките пополнете го краткиот формулар:

https://docs.google.com/forms/d/15nNLcXT3QiVL5gmjxMUF8o5GGKUcjzRR9kRY9wumoWc/edit?edit_requested=true

Доколку имате прашања во врска со програмата може  да се обратите на infokrikcenter@gmail.com.

Крајниот рок за пријавување е вторник, 18.03.2014.