Обуки за борба против говорот на омраза на Интернет

Фондацијата Метаморфозис објави отворен повик за пријавување учесници на обуки за борба против говорот на омраза на Интернет. Учесниците на обуките ќе имаат можност да се стекнат со знаења за препознавање на говорот на омраза, технички вештини за спротивставување на таа појава, како и вештини за презентација и пренесување знаења.

image gallery

Обуките се отворени за сите граѓани на РМ заинтересирани стекнатите знаења и вештини да ги применуваат и споделуваат во своите заедници, работни организации и здруженија. Добредојдени се блогери и редовни корисници на социјалните медиуми Фејсбук и Твитер, граѓански активисти, наставници и новинари – но и сите други луѓе заинтересирани за унапредување на слободата на изразување на интернет, посочуваат од Метаморфозис.

Како предуслов за аплицирање е заинтересираните да имаат основни познавања за Интернет и да користат барем една социјална мрежа.

Распоредот на обуките ќе биде утврден во зависност од бројот и местото од кое доаѓаатзаинтересираните учесници, а учеството е бесплатно.

Рокот за пријавување е 16 декември, а се аплицира преку пополнување на формуларот на следниот ЛИНК.