Обуки на волонтери на „Tallinn music week 2023“

Двата македонски фестивали, Таксират Фестивал и Д Фестивал, заедно со фестивалите „Ypsigrock“ (Италија) и „Haldern Pop“ (Германија), како и повеќе општествени и музички организации од Европа се обединија да одговорат на нивните заеднички предизвици во музичката индустрија.

„За оваа цел групата има создадено две програми, кои разгледуваат две различни проблематики, за градење на волонтерските капацитети кои ќе се одржат во склоп на ‘Tallinn Music Week 2023’. Овие две програми се ‘SAFEPLACE’ (Безбедно место) и ‘SMA – Small Music Accelerators“ (Забрзувач на мали фестивали) на кои сите заинтересирани можат да се пријават преку отворените повици веќе во тек“, соопштуваат од „Password“

Од таму посочуваат дека Таксират Фестивал е дел програмата „SAFEPLACE“ финансирана од „Agenzia Nazionale Per i Giovani“ (Национална агенција за млади во Италија) и програмата на ЕУ – „Еразмус+“ која дополнително во соработка со „Music Estonia“ (Естонија), општествените активисти „APS Nous“ (Италија), уметничките организатори „BJCEM“ (Белгија), како и волонтерските експерти „Vitatiim“ (Естонија) имаат цел да ја развијат инклузивноста и правичноста во културните настани.

Преку волонтерската професионалност, велат од „Пасворд“, ваквите вредности можат да имаат огромно влијание врз новата генерација на љубители и организатори на фестивали.

Оние заинтересирани во оваа програма можат да се пријават и дознаат повеќе информации, ТУКА.

Додека пак, Д Фестивал, исто така со дополнителна помош од општестевни и музички орагнизации „Music Estonia“ (Естонија), „Melting Pro“ (Италија), и „Turismo Vivencial“ (Шпанија) се дел од проектот „ЅМА“ финансиран од Креативна Европа чија цел се социјално, финансиски и еколошки одржливите бизнис модели. Оваа цел програмата ќе ја постигне преку обука на волонтери, создавање на професионална инфраструктура и перспектива, развивање на туризам и зајакнување на врската со секакви засегнати страни на база на високо-вредносна позадина.

„Клучниот збор на „SMA“ е одржливоста: решавање на проблеми и учење од најдобрата пракса, тренинг и едукација во сите слоеви на организацијата, како и споделување на знаењето кое не само што ќе го забрзаат настанот на партнерите, туку ќе има и позитивно влијание врз целата фестивалска заедница“, посочуваат од „Пасворд“.

Оние кои се пронаоѓаат во оваа тематика, можат да дознаат повеќе и да се пријават на „ЅМА“, ТУКА.