Обука за вештини за справување со говорот на омраза

Центарот за Меѓукултурен Дијалог 3-та година по ред организира обука за младински работници, студенти, активисти кои се мотивирани да ги развијат своите вештини во справување со говорот на омраза.

Повик за обука за вештини за справување со говорот на омраза

Деталниот повик за учесници и апликацијата за пријавување можете да ги најдете ОВДЕ.  Обуката се организира во три дела.

Првиот дел се реализира во период од 10 септември до 5 октомври и претставува онлајн запознавање на учесниците преку интерактивни активности и истражување на темата во своите локални средини.

Вториот дел претставува обука која ќе се одржи од 8 до 12 октомври. На обуката ќе се презентираат истажувањата на учесниците, ќе се одржат работници , предавања на различни теми и ќе се работи на планови за третата фаза.

Третиот дел претставува организирање на кратки активности на учесниците на обуката во средините во кои работат и делуваат во врска со темата на обуката. По одржувњето на кратките активности ќе се организира еднодневна средба во Скопје за сумирање на сработеното и размислување за идни планови.

Пријавите треба да се поднесат најдоцна до 10 септември 2014 година. Обуката се организира со техничка подршка на ОБСЕ Мисија Скопје, со финансиска подршка на Француската Амбасада.