ОБСЕ: Ги осудуваме сите форми на расизам, антисемитизам и нетолеранција

Предизборните периоди се времиња кога државите се особено ранливи на говор на дискриминација и нетолеранција, што може да доведе до сериозни последици, соопштуваат од Мисијата на ОБСЕ

Податоците на Мисијата и на локалните граѓански организации од изминатите седум години, соопштуваат тие, покажуваат дека инцидентите од говор на омраза во Северна Македонија историски бележат пораст за време на предизборните периоди, особено по основ на етничка и политичка припадност.

„Ова е особено важно време за државата, имајќи предвид спроведувањето на стратешките цели на Северна Македонија. Слободни, фер и избори без говор на омраза се неопходни. Мисијата на ОБСЕ во Скопје ги осудува сите форми на расизам, антисемитизам и нетолеранција“, се вели во соопштението на ОБСЕ.

Во дадениов момент, или било кога, Мисијата ги повикува членовите и поддржувачите на сите политички партии да се воздржат од изразување и споделување навредлива содржина на етнички, верски или друг основ.