Образовно рандеву со 45 средни стручни училишта од земјава

Средното електро-техничко училиште на Град Скопје „Михајло Пупин“ денеска и утре е домаќин на традиционалната манифестација „Образовно рандеву 2016“. На настанот ќе учествуваат 45 средни стручни училишта од Македонија со повеќе од 1 500 ученици.

Манифестацијата е замислена како креативен натпревар меѓу учениците во 15 различни категории како интервју за работа, јавно говорење, маркетинг план, најдобар бенд, најдобра видео реклама, најдобра фотографија, најдобар филм, најдобра веб страна.

Како дел од натпреварот се и избор на најдобар штанд, драмска изведба, модна ревија, поетска творба, најдобар тим во баскет, пинг играч и најдобар тим во серва.

Организатор е Младинската асоцијација на средни стручни училишта во Македонија.