Образование на Роми: „Десет години подоцна – Промените зад бројките“

По повод завршувањето на Проектот за образование на Роми (ПОР) на УСАИД имплементиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија, утре (22 мај) од 12 часот, во хотелот Александар Палас во Скопје ќе се организира јавен настан ПОР: „Десет години подоцна – Промените зад бројките“.

Трнлив е патот на Ромите во образованието

Десетгодишниот проект поддржа преку 3.000 деца и млади Роми (средношколци и студенти) на сите нивоа на образование (од предучилишно до универзитет) и значително ги подобри нивните стапки на запишување, проодност и завршување.

На настанот ќе говорат амбасадорот на САД Пол Волерс,  Реџеп Али Чупи, Директор на Управата за унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците при Министерството за образование и наука на РМ, директорката на Проектот за образование на Роми, Споменка Лазаревска и двајца корисници на проектот.

УСАИД работеше со ромските родители, обезбеди обука за наставниците и техничка помош за 7 основни училишта во Скопје, Куманово и Прилеп, секојдневна дополнителна образовна поддршка за предучилишните деца и за основците вклучени во проектот, како и стипендии, метнорство/туторство и дополнителна акдемска поддршка за средношколците и студентите Роми. Министерството за образование и наука сега обезбедуваат стипендии и менторска помош за средношколците Роми низ државава.