Обожавателите на Хари Потер немаат пристап до продавница за стапчиња бидејќи „не се вистински волшебници“

Ричард Картер, сопственик на продавницата „Mystical Moments“ во Хадерсфилд, во која се продаваат волшебнички стапчиња „за фрлање магии за добра среќа“, забранува влез за сите обожаватели на серијалот книги Хари Потер.

Сопственикот на продавницата за „магични предмети“ одбива да ги услужи обожавателите на приказната за момчето-волшебник, бидејќи тие се наменети да ги „чуваат злите сили настрана додека сопствениците медитираат, или да им донесат среќа во форма на љубов или пари“.

„Не би поверувале колку вистински вештерки и волшебници живеат околу нас. Би биле навистина зачудени“, тврди Картер. „Знаат дека можат да дојдат овде и да се покажат без луѓето да мислат дека се луди. Немам муштерии кои се под влијание на Хари Потер. Доколку дојде некој кој сака стапче само затоа што им се допаѓа Хари Потер, нема да му продадам, без разлика колку пари нуди“.

Некои фанови на книгите не ја прифатиле одлуката најдобро.

„Тоа е толку глупаво, како МекДоналдс да одбива да служи „Happy Meal“ на тажни луѓе. Би можеле да продадат илјадници стапчиња да не беа толкави снобови“, вели Мариела Меј, 21-годишна читателка на книгата.