Обожавателите на Foo Fighters од Чезена снимија нова преработка

Групата од илјада фанови на Foo Fighters, кои се нарекуваат себеси The Rockin’ 1000, повторно се собраа да преработат песна на познатиот бенд, откако станаа популарни со преработката на Learn to Fly.

The Rockin’ 1000 сега ја преработија песната Saint Cecilia. Обожавателите се снимиле како ја исполнуваат песната засебно, а потоа ги споиле аудиото и видеото заедно, за да направат да изгледа како групна изведба на песната, која се најде на последниот истоимен албум.


Групата музичари од Чезена, Италија, се прослави кога ја снимија Learn to Fly како молба до Foo Fighters да одржат концерт во нивниот град. Откако преработката стана интернет сензација и стигна до бендот, „Фајтерси“ одржаа концерт во Чезена во ноември и ги поканија сите кои настапија во видеото да им се придружат на сцената.

Извор: NME