[Обновено] Протест за Нешковски – демонстрантите ја прескокнаа оградата пред Влада

Голем број граѓани, студенти, активисти, ја прескокнаа оградата пред Владата на чело со братот на починатиот Мартин Нешковски и седнаа на скалите извикувајќи „Убијци“,„Оставка“, „Излези Никола“ , пренесува репортерката на Радио МОФ.

Голем дел од знамиња пред Владата се спуштени на пола копје, во знак на жалост за починатото момче, а еден од полицајците, кој беше дел од кордонот, ја симна својата униформа и се придружи кон толпата. Во моментов, граѓаните извикуваат „Малото диктаторче“, „Кај ви е началникот“ и „Дојдете со нас“ кон полицијата.

Граѓаните спонтано почнаа да се организираат преку социјалните мрежи, неколку часа откако СДСМ објави снимени телефонски разговори со кои ја обвини власта дека го прикрила убиството на ова младо момче.

„Она што со месеци го извикувавме на улица секој ден во шест, снимките само го докажаа и уште повеќе, не само до Министерката за внатрешни работи, туку замешаноста во овој случај се протега од парамилитарни структури до премиерот на државата. А притоа, правдата за Мартин Нешковски никогаш не беше задоволена“, стои во повикот за денешниот протест.

Во продолжение, проследете ја атмосферата од протестот што во моментов се случува пред Влада:

111