Обновен Детскиот креативен центар

Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ денеска ќе го отвори обновениот Детски креативен центар при Младинскиот културен центар. ДКЦ е прв специјализиран центар во Македонија кој нуди јазични и математички ресурси и активности во кои учениците ќе може да се вклучат со своите родители и наставници.

Обновен Детскиот креативен центар

Фото: МИА

– Просторот во ДКЦ се надополнува со нови активности, па тука наставниците ќе добијат можност да ги прикажат позитивните примери од својата наставна практика. Учениците од почетните одделенија од сите региони во државата, со македонски и албански наставен јазик, се повикуваат да ги користат многубројните материјали кои ги нуди центарот, библиотеката со детска литература, математичките игри и активности, интерактивните смарт табли и компјутери, соопшти УСАИД, кој со настанот ќе го одбележи Меѓународниот ден на писменоста.

„Со читање до лидерство“ има цел да ја подобри раната јазична и математичка писменост. Проектот, кој го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ – Македонија, соработува со Бирото за развој на образованието, Државниот испитен центар и со други образовни институции.

На отворањето на обновениот Детски креативен центар во МКЦ се најавени обраќања на директорите на Мисијата на УСАИД во Македонија Џејмс Стајн, на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ и на Младинскиот културен центар.