Објавени резултатите од вториот уписен рок во средните училишта

Во учебната 2012/2013 година осмо одделение завршија вкупно 22 900 ученици а слободни се вкупно 34 971 ученички места, во сите јавни средни училишта во Македонија, соопштуваат од Министерството за образование и наука.

Вториот уписен рок во јавните средни училишта во Македонија за учебната 2013/2014 година беше вчера, а резултатите од запишувањето и слободните места се објавија денеска. Од извештаите за бројот на пријавени, запишани ученици како и бројот на слободни места по вториот уписен рок, од јавните средни училишта во Македонија добиени се следниве податоци:

Во вториот уписен рок вкупно се пријавија 3 918 ученици од кои: 1 979 ученици за настава на македонски наставен јазик, 1 741 ученик за настава на албански наставен јазик, 174 ученици за настава на турски наставен јазик и 24 повторувачи.

Во вториот уписен рок вкупно се запишаа 2 466 ученици од кои: 1 272 ученици за настава на македонски наставен јазик, 1 088 ученици за настава на албански наставен јазик, 84 ученици за настава на турски наставен јазик, и 22 повторувачи.

Во двата уписни рока вкупно се запишаа 19 465 ученици од кои: 13 235 ученици за настава на македонски наставен јазик, 5 786 ученици за настава на албански наставен јазик, 289 ученици за настава на турски наставен јазик, 1 ученик за настава на српски наставен јазик и 154 повторувачи.

Слободни места по вториот уписен рок има за вкупно 15 436 ученици од кои: 10 224 слободни места за настава на македонски наставен јазик, 4 513 слободни места за настава на албански наставен јазик, 663 слободни места за настава на турски наставен јазик, 33 слободни места на српски наставен јазик и 3 слободни места за повторувачи.

Според видот на образованието запишани се вкупно 7 972 ученици во гимназиско образование од кои: 5 069 ученици на македонски наставен јазик, 2 704 ученици на албански наставен јазик, 164 ученици на турски наставен јазик, 1 ученик на српски наставен јазик и 34 повторувачи, потоа 11 025 ученици во стручно образование од кои: 7 776 ученици на македонски наставен јазик, 3 004 ученици на албански наставен јазик, 125 ученици на турски наставен јазик и 120 повторувачи, како и 287 ученици во уметничко образование од кои: 243 ученици на македонски наставен јазик и 44 ученици на албански наставен јазик. Во спортската гимназија се запишани 181 ученик од кои: 147 ученици на македонски наставен јазик и34 ученици на албански наставен јазик.

Слободни места по вториот уписен рок има во гимназиско образование за 3 988 слободни места, во стручно образование за 11 310 слободни места, во уметничко образование за 121 слободни места и во спортска гимназија има 17 слободни места за ученици на македонски наставен јазик

Училиштата кои во двата уписни рока не ги пополниле утврдените ученички места за запишување согласно Конкурсот, продолжуваат со запишување на учениците до 30 август.