Објавени резултатите од државната матура, просечната оценка повисока од лани

Просечната оценка од државната матура за оваа година изнесува 3,42 и е повисока  во однос на минатата учебна година кога средниот успех беше 3,37. Резултатите од државната матура беа објавени денеска, а испитите ги полагаа вкупно 16.859 ученици, од кои 8.729 од гимназиско , 7.866 од средно стручно и 264 од средно уметничко образование.

Резултатите може да се видат на огласните табли во училиштата, како и на интернет страницата matura.gov.mk. Како што најави на денешната прес конференција министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу, учениците сакаат да достават приговор тоа ќе можат да го направат преку  училишната матурска комисија на 14 јули 2016 година, во периодот од 12 до 15 часот.

Резултатите од приговорите ќе бидат објавени на 20 јули, во училиштата.

Учениците кои ја пропуштиле јунската испитна сесија, следна можност за полагање државна матура имаат во август, а пријавувањето во училиштата трае од 13 до 21 јули.