Објавени распоредите за екстерното тестирање

Вчера се објавени распоредите за тестирање по денови, а  три дена пред тестирањето учениците ќе можат да ги видат и предметите по кои ќе бидат тестирани.

Екстерното тестирање на учениците во јунската сесија ќе се спроведе во 4 дена и тоа на 7,8,10 и 11 јуни 2016 година.

Во оваа сесија ќе бидат опфатени 178 648 ученици од основните и средните училишта, кои ќе бидат тестирани по 1972 предмети.

Резултатите ќе бидат објавени на 13 јуни за деветто одделение, а на 17 јуни за сите останати ученици.