Објавени победниците на меѓународниот стрип конкурс „Велес 2014“

Стрип центарот на Македонија –Велес ги објави најдобрите стрипови од меѓународниот стрип конкурс, кој е дел од интернационалниот стрип салон „Велес 2014“, што ќе се одржи од 17 до 19 октомври во Ликовниот салон во Велес.

Објавени победниците на меѓународниот стрип конкурс „Велес 2014“

На споменатиот конкурс учестуваа стрип-автори од сите континенти со вкупно 132 дела.Според организаторите, ќе имало и повеќе дела, доколку авторите, со исклучок на сценаристите, не беа ограничени да пријават само по еден стрип, за разлика од други стрип фестивали на кои се учествува со неограничен број на дела.

Меѓу наградените има и македонски автори, што е уште една потврда за постепениот развој на на македонскиот стрип.

Исто така, радува и податокот за континуираната појава на нови стрип имиња од македонската стрип сцена кои што заслужуваат поголема афирмација и внимание, велат организаторите.

Првата награда е доделена на Саша Арсениќ од Србија за стрипот „Пат од пожолтена хартија“.

Втората награда ја делат Александар Стеванов од Македонија и Кирси Салонен од Финска за стрипот „Вистинска љубов“ со Марко Стојановиќ и Синиша Бановиќ од Србија за стрипот „Товар“.

Третата награда ја делат Виктор Шауер и Михаил Петруш од Чешка за стрипот „Мирисот на стравот“ со Денис Војда и Себастиан Скробол од Полска за стрипот „Деца-духови“.