Ана Арсеновска Зафирова, Гоше Николов, Емилија Бунтеска Нацоска, Кристијан Ландов, Љубица Иванова, Наташа Доковска и Слободан Иванов се добитници на наградата „Гласник на невидливите“ за 2025 година, која традиционална ги доделува Македонска платформа против сиромаштија (МППС) за новинарски производи поврзани со сиромаштија и социјална исклученост.
Овие награди се специфични затоа што наградените стории ги оценува жири-комисија составена од луѓе кои и самите имаат искуство со живот во сиромаштија или социјална исклученост. Новинарите обично добиваат награда во вид на светилка, како симбол за давањето видливост на проблемите со кои се соочуваат невидливите.
Детално зновинарските производи и наградените, по азбучен ред:
1.Ана Арсеновска Зафирова – „Каков 8 март одбележуваат жените, мајки на деца со аутизам“
2.Гоше Николов – „Револуција во пристапноста: Трансформативната моќ на вештачката интелигенција за лицата со попреченост“
3.Емилија Бунтеска Нацоска – „Расте бројот на гладни, редиците пред народните кујни сѐ подолги“
4.Кристијан Ландов – „Претрес: Од раскош до бездомништво, од семејство до улица – сурови животни приказни“
5.Љубица Иванова – „На улица наместо во училишните клупи – Македонија без решение за децата од улица“
6.Наташа Доковска- „Менструацијата не е луксуз – зошто боли двојно восиромаштија?“
7.Слободан Иванов – „Пристап до објекти, образование и вработување – најчести предизвици за лицата со попреченост“