Објавени добитниците на финансиска помош за справување со коронакризата преку мерки насочени за млади

Кариерно советување, психолошка поддршка, справување со дезинформациите, но и зајакнување на младинските права и младински акции, се дел од проектите кои добија финансиска поддршка од Агенција за млади и спорт за спроведување мерки насочени кон младите, со цел да закрепнат од кризата предизвикана од Ковид-19.

Станува збор за 25 здруженија и фондации за кои од буџетот на државата е издвоено 5 милиони денари преку Програма П1 – Мерки за справување со COVID-19 кризата, ставка 464 – Разни трансфери.

Од Агенцијата информираат дека на огласот пристигнале 140 апликации.

Целата листа на добитници на оваа финансиска помош е достапна на следниот ЛИНК.