Објавена програмата за фестивалот „Денови на комедија 2015“ во Куманово

Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2015“ од 1 до 18 октомври ќе се одржува во Куманово.  Народната Установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“, ја објави програмата и целосниот репертоар на фестивалот.

Фестивалот ќе биде отворен со претставата „Нешто пропуштаме“, на Театар Комедија, Скопје, на први октомври. На втората фестивалска вечер ќе настапи велешкиот театарот со преставата „Спанаќ со пржени компири“, а следната вечер е резервирана за Продукцијата Видик од Скопје и  претставата „Ни ваму, ни таму“.

Како што се наведува во програмата, на четвртата фестивалска вечер, во недела, ќе биде изведена претставата “Чолак“ на Драмскиот театар од Скопје.

Следи тридневна пауза, за во среда (7 октомври) кумановската публика ќе може да ја види претставата „Премиера во сабота“ на прилепскиот театар „Марко Цепенков“, за следниот ден да настапи театрот од Штип со претставата „Лулка“.

Од театрите од странство, во петок (9 октомври) ќе може да се проследи претставата на Театар „Талија“ од Тузла, БиХ со претставата „Државни лопов“, а на 10 октомври ќе се игра „Чехов му кажува збогум на Толстој“ од Евробалкан Институт од Приштина, Косово.

На 12 октомври во Куманово ќе гостува Драмскиот куклен театар од Силистра, Бугарија со претставата „Се бара нов сопруг“, додека на 14 октомври настапува Турскиот театар од Скопје со „Слуга на двајца господари“.

На фестивалот е најавено учеството и на битолскиот театар со „Без паника, охридскиот театара „Григор Прличев“ со „Детектор на лаги“, албанска драма при Театар Куманово со претставата „Баунсерс“, продукција Призор од Белград, Србија со претставата „Љубовници“.

Осумнаесетиот меѓународен театарски фестивал Денови на комедија – Куманово 2015 ќе биде затворен на 18 октомври со премиерата на преставата „Идиоти“ на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово.