Министерството за образование и наука (МОН) информира дека денеска се објавени прелиминарните резултати од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2017/2018 година.
Од МОН известуваат дека сите ученици кои се пријавиле на конкурсот за јавните ученички домови се примени, освен во случаите кога не е доставена комплетната документација.
„По објавување на списоците со рангирани ученици по домови, учениците имаат право на приговор во рок од 3 дена кој се поднесува во Министерството за образование и наука до Комисијата за ученички домови за средни училишта. По завршувањето на рокот за поднесување приговори на 27 јули 2017 година, Министерството за образование и наука ќе ја објави конечната листа на примени ученици во јавните ученички домови“, соопштуваат од МОН.
Прелеминарните резултати можете да ги најдете на следниот ЛИНК.
Доколку останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе биде активно од 28 јули до 4 август 2017, или се’ додека има слободни места, за што МОН континуирано на својата веб страница ќе објавува списоци за примени ученици по домови.
Учениците кои ќе поднесенат електронска апликација, комплетната документација треба да ја достават од 7 август до 11 август во МОН. Повеќе околу потребната документација и конкурсот можете да најдете на следниот ЛИНК.
За подетални информации околу поднесувањето приговор или конкурсот, секој може да се обрати на фејсбук страницата на МОН, на телефонот: 02/ 3140 -147, или на електронска адреса: sefa.sadije@mon.gov.mk.