Објавена листата на граѓани кои добија ваучери за одмор

Министерството за економија денеска ја објави листата на граѓани кои добија ваучери со средства за користење и организирање на одмор во износ од 12.000 денари.

Добитниците на овие потврди кои се од Град Скопје ќе може да ги подигнат од Министерството за економија-Сектор за туризам и угостителство од понеделник (16 август од 9-14 часот). На оние кои не се од Град Скопје, ќе им бидат испратени преку пошта.

Ова е втора година како Владата доделува ваучери за туризам на најзагрозените граѓани кои можат да се искористат за летување во земјата. Средствата може да се искористат најдоцна до 30 ноември 2021 година.