Објавена е програмата за АКТО – фестивалот за современи уметности во Битола

Работилници, предавања, перформанси, концерти, изложби, АКТО – фестивалот за современи уметности ја објави програмата за своето 13 издание, што ќе се одржи од 23 до 25 август во Битола, во организација на Факултетот за работи што не се учат.

Темата годинава ќе биде „Општество во изградба“, а  годинава АКТО ќе има 5 програми: АКТО Уметничка програма, АКТО Музика, АКТО Агора, АКТО за заедницата и АКТО Воз, некои од нив специјално создадени за фестивалот. Организаторите организираат и бесплатен превоз со воз до Битола, за што сите заинтересирани ќе треба претходно да се пријават.

Целата програма ја објавуваме во продолжение:

23.08 четврток

10:00 Парк на Офицерски дом / НУ Центар за култура Битола
Затворена тридневна работилница за продукција на електронска музика со Александар Видиновски
Затворена тридневна работилница за дизајн на омоти за музички изданија со Јана Ацевска
-Затворена тридневна работилница за продукција на фанзинот Примус бр.2 – АКТО, во соработка со Слободанка Стевческа и Владимир Јанчевски (Учесниците се пријавени на отворен повик)

11:00 Парк на Офицерски дом
ОТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ И КОКТЕЛ

Уметнички акции и интервенции во јавен простор:

– „Соларна кујна“ на Никола Узуновски/ Скопје, колаборативен проект, продуциран во рамките на проектот „Активни простори на заедницата за граѓански промени“ на ФРУ како Проект на УСАИД за граѓанско учество

– „Растечки споменик“ на Катарина Поповиќ/ Белград

18:30 НУ Завод и музеј Битола – Магаза
Изложба на омоти на плочи на македонски музички изданија
Дискусија „Продукција на македонска музика издадена на плочи и дизајн на омоти, некогаш и сега”

Учесници: Бодан Арсовски, Мирослав Грчев, Тошо Филиповски, Мирко Попов, Филип Тасевски – Фиц
Модератор: Виолета Качакова

20:30 НУ Народен театар Битола
Предавање – перформанс
„NAME – Readymade“ -Јанез Јанша/ Љубљана

21:30 Мезе бар Јагода
„Чиста битолска шминка“, Диџеј сет на:Виолета Качакова / Скопје, Илина Ангел / Скопје и Иле Косата / Битола

 24.08 петок 

10:00 Парк на Офицерски дом/ НУ Центар за култура – Битола
Отворени работилници „За сите во нашата заедница, од 1 до 101 година“ на Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по Чекор“ – Македонија, во соработка со АКТО

12:00 Парк на Офицерски дом и Широк сокак
Уметнички акции и интервенции во јавен простор:
12:00ч/ „Глуви чевли“на Рена Радле и Владан Јеремиќ/ Белград
12:30ч/ „Текстил и тага“ на Филип Јовановски/ Битола/ Скопје

13:00 Мезе бар Јагода
Промоција на „Македонска РОК енциклопедија (1963-2018)“ од Тошо Филиповски, издавач: Corpus Delicti Records

18:00 НУ Завод и музеј Битола
-„За сите во нашата заедница, од 1 до 101 година“ на Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по Чекор“ – Македонија, во соработка со АКТО
-Кафуле „Спомени и воздишки“
-Кино во музејот

20:00 Пред споменик на Стив Наумов
Уметнички акции и интервенции во јавен простор: „Кој е Марко Марковиќ?“ на Марко Марковиќ/ Загреб

20:30 Парк на Офицерски дом
– Филм „Град на хероите“од Работнички видео клуб од Зрењанин
– Филм „Комунизмо Футуро“ од Андреа Гроплеро ди Тропенбург со Франко Берарди Бифо

21:30 Кафе Радост
Марко Рикаловски / Скопје, диџеј сет
Uj Pa Gaz / Тирана, настап во живо
Миле Гроздановски / Битола, диџеј сет

25.08 сабота

11:00 Парк на Офицерски дом
Дискусија: ВО КАКОВ КОНТЕКСТ СЕ СОЗДАВА КУЛТУРАТА?

18:00 Парк на Офицерски дом
Презентација на резултатите од:
-Работилниците за продукција на електронска музика и дизајн на омоти за музички изданија
-Работилницата за продукција на фанзинот Примус бр.2 – АКТО

19:00 Парк на Офицерски дом
АКТО ЗЕМЈОТРЕС Showcase
Fosfen / Битола
Sweet Rapscallions / Битола
PMG Kolektiv / Скопје
Новиот Почеток / Скопје
Sethstat / Скопје
Ki / Куманово