Објавен трет повик за обуката „ЕУ шема за млади професионалци од Западен Балкан“

Европската Комисија и Британскиот совет го објавуваат третиот повик за апликација за обуката „ЕУ шема за млади професионалци од Западен Балкан“.

Во рамки на оваа активност се организираат две програми за обука при академски институции во ЕУ и компонента на регионална размена. Активноста е наменета за државни службеници со 2-5 години работно искуство во администрацијата, а кои доаѓаат од 6-те земји од Западен Балкан: Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Косово, Србија и Албанија.

Со активноста управува Европската комисија, а ја спроведува Британскиот совет.

Конкурсот трае до 13 септемри 2018 година.

На конкурсот ќе бидат избрани 30 учесници (максимум по пет од секоја земја). Конкурсот е отворен за средно ниво на државни службеници. Обуките и работата во рамки на целиот проект ќе се одвива на англиски јазик.

Секој од избраните учесници ќе ја има можноста да следи две интензивни обуки (секоја по две недели), кои ќе се реализираат во декември 2018 година (Франција) и во февруари 2019 година (Белгија), а потоа следи и стажот кој ќе се одвива во некоја од 6те земји од Западен Балкан.

Повеќе информации за самиот проект и активностите може да се најдат ТУКА. Исто така, информации се достапни и на интернет страницата http://www.sep.gov.mk/.