Објавен трејлерот за „Eden“ – филмот за француската хаус сцена

Уште пред Daft Punk да станат препознатливи како недопорливите роботи, со журките на француската сцена владееја младите продуценти Thomas Bangalter и Guy-Manuel de Homem-Christo.

„Eden“, филмот за француската хаус сцена во деведесеттите делумно е инспириран од вистинската животна приказна на Daft Punk. Трејлерот за филмот, објавен пред неколку дена, го покажува моментот кога Daft Punk за првпат на публиката и го претставија синглот „Da Funk“.

Филмот е дело на Sven Hansen – Løve кој и самиот бил дел од забавата на која беше претставена култната „Da Funk“, пред дваесетина години. Тој е исто така и близок пријател со членовите на Daft Punk. За нивните три песни кои се пуштаат во филмот платил само 3.700 долари, додека регуларната цена за ова би требало да биде над милион долари.