Објавен повик за пријавување стручни лица за подготовка на наставни програми согласно новата образовна концепцијата

Бирото за развој на образованието (БРО) денеска објави Конкурс за ангажирање надворешни соработници кои заедно со советниците од БРО, ќе ги изготват новите наставни програми согласно новата Концепција за основно образование, информираше Министерството за образование (МОН) .

„Министерството за образование и наука заедно со Бирото за развој на образованието посветено работат на зајакнување на тимот кој во следниот период треба да ги изготви новите наставни програми за учениците од прво до петто одделение, согласно наставниот план во неодамна усвоената Концепција за основно образование“, стои во соопштението на МОН.

Оттаму ги повикуваат сите наставници и стручни лица кои ги исполнуваат условите согласно конкурсот кој се однесува на изработка на наставните програми од прво до петто одделение да се пријават, и како што велат, да го дадат својот придонес за развој на воспитно-образовниот систем во земјава.

Конкурсот може да се види на следниов ЛИНК.

Пред три дена Владата даде целосна поддршка и ја усвои Концепцијата, која во периодов што измина, ја разбранува јавноста.

Владата ја усвои Концепцијата за основно образование