Објавен повик за „Битфест 2019“

Општина Битола го објави јавниот повик за учество во програмата на „Битфест 2019“.

Јавниот повик се однесува на кофинансирање на манифестации и проекти од областа на културата, и тоа: музичко и музичко-сценска уметност, театар, ликовна уметност, видео, фото, филмска уметност, литература, фолклор и нови уметности.

Вкупниот износ на средства што се предвидени со овој повик е 4.000.000 денари. Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани субјекти, физички лица, правни лица, здруженија на граѓани, владини организации и јавни установи од областа на културата (со седиште во општина Битола). Ако пријавениот е со седиште во друга општина, проектот/активноста треба да се одржи на територијата на општина Битола.

Повеќе информации за јавниот повик и потребното барање се достапни на веб-страницата на Општина Битола на следниот линк.

Краен рок за поднесување на апликацијата со прилозите во еден примерок е петок, 7 јуни, 2019 година, до 16 часот.