Објавен новиот сингл на Stone Roses – All For One

The Stone Roses ја објавија новата песна All For One, која е нивен прв нов материјал после 21 година.

Песната беше премиерно пуштена во етер на BBC Radio 1 Show минатата вечер (12 мај). Диџејот открил дека песната била снимена во Church Studios во Лондон, а продуцирана од Пол Епворт.

Гласини за нов албум на бендот се шираt веќе со години, а прв пат се собраа повторно за неколку настапи во живо во 2012 година. Четири години подоцна, групата ќе свири на неколку концерти и фестивали, но овој пат имаат и нов материјал за сет-листата, пишува NME.

На почетокот на неделава мистериозни реклами со лимони се појавија во родниот град на бендот, Манчестер. Иконичното лого се појавило на дигитални рекламни табли околу градскиот центар на Манчестер во вторникот наутро. Истата рекламна тактика бендот ја употреби минатата година, за да најави мини концертна турнеја.