Објавен Конкурсот за упис во средните училишта за учебната 2020/2021

Министерството за образование и наука го објави Конкусот за уписи на ученици во средните училишта во новата учебна 2020-2021 година.

Со Конкурсот е утврдена можноста за запишување ученици според наставните планови и програми за: гимназиско образование, стручно образование (техничко образование – четиригодишно траење, стручно образование за занимање – тригодишно траење и двегодишно траење), средно уметничко образование и средно образование за ученици со посебни образовни потреби.

Пријавувањето и запишувањето на ученици ќе се врши во три уписни рока, два во јуни и еден во јули. Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 16 и 17 јуни 2020 година, а ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2020 година.

Критериуми за избор на учениците се:

  • среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
  • среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик,
    странски јазик и два предмети што се од значење за струката);
  • дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и
    државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од
    Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик,
    природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и
    наставни предмети што се од значење за струката односно изборното
    подрачје;
  • средна вредност од поени добиени за поведение.

Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката, стои во Конкурсот.

Целиот Конкурс може да го најдете на следниов ЛИНК.