Објавен конкурсот за наградата „Жан Моне” 2019

Делегацијата на Европската Унија и Македонскиот институт за медиуми го објавија 17-тото издание на конкурсот за наградата „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во известувањето за прашања поврзани со темата „Да изградиме држава во којашто сакаме да живееме”.

Наградата се доделува во три натпреварувачки категории: најдобра новинарска статија, најдобра репортерска фотографија и најдобра аматерска фотографија.

Конкурс во категорија за најдобра новинарска статија на тема „Да изградиме држава во којашто сакаме да живееме” се однесува на статии објавени во печатени медиуми или на интернет од новинари во државата. Статиите треба да бидат објавени во периодот од 26 ноември 2018 година до 27 ноември 2019 година. Копии од новинарските стории во дигитален ПДФ формат, заедно со изјава во писмена форма, потпишана од авторот, со која гарантира дека тој/таа е автор на сторијата, треба да се испратат на следнава електронска адреса: JMcompetition@euhouse.mk,најдоцна до 27 ноември 2019 година, до 18:00 часот. Секоја/а од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска  пошта од страна на Europe House Скопје. Следуваат награди: статуетка, диплома и ваучер за техничка опрема во вредност од 1.000 евра.

Конкурс во категорија за најдобра репортерска фотографија е отворен за сите професионални фотографи и репортери за фотографии објавени во периодот од 26 ноември 2018 година до 27 ноември 2019 година. Станува збор за  фотографии објавени во печатени медиуми или на интернет кои не се користени за комерцијални цели. Копиите од фотографијата/фотографиите во дигитален формат (големината на секоја фотографија треба да бидат 3-5 MB), заедно со изјава во писмена форма и потпишана од авторот со која гарантира дека таа/тој е автор на фотографијата, треба да се испратат на следнава електронска адреса: JMcompetition@euhouse.mk, најдоцна до 27 ноември 2019, до 18.00 часот. Секоја/а од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска  пошта од страна на Europe House Скопје. Следуваат награди: статуетка, диплома и ваучер за техничка опрема во вредност од 1.000 евра.

Конкурс во категорија за најдобра аматерска фотографија е отворен за сите фотографи аматери кои може да достават една фотографија на тема “Чистата животна средина зависи од сите нас”. Фотографиите кои се натпреваруваат во оваа категорија може, но не мора, да бидат претходно објавени, воедно да не се користени за комерцијални цели. Кандидатите треба да ги испратат своите пријави на следнава електронска адреса: JMcompetition@euhouse.mk, најдоцна до 27 ноември 2019 година, до 18.00 часот. Секој кандидат може да испрати по една фотографија (големина на фотографијата 3-5 MB), како и да гарантира дека тој/таа е автор на фотографијата  со испраќање на изјава во писмена форма на истата електронска адреса. Секоја/а од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска  пошта од страна на Europe House Скопје. Следуваат награди: диплома и ваучер за техничка опрема во вредност од 500 евра.

Сите информации за конкурсот се достапни на следниот ЛИНК.