Издавачкото друштво „Везилка“ ја објави најновата книга на познатиот светски филозоф и еден од најпопуларните современи мислители Славој Жижек која носи наслов „Исламот, атеизмот и модерноста“. Книгата, чијшто поднаслов е „Некои бласфемични рефлексии” содржи пет есеи посветени на збиднувањата во светот во тековнава година, по нападот врз француското сатирично списание ,,Шарли Ебдо”. Насловите на есеите говорат за преокупациите на Жижек: Исламот како начин на живот; Од глобализацијата до универзализмот; Поглед во архивите на исламот; Кон материјалистичкиот поим на Бога и Боженскиот нагон на смртта.
Жижек забележува дека екстатичните моменти на париските манифестации се триумф на идеологијата: тие ги обединија луѓето против непријателите чиешто фасцинантно присуство моментно ги брише сите антагонизми. Значи, прашањето што треба да се постави е: што замаглуваат тие? Се разбира, би требало недвосмислено да ги осудиме убиствата како напад врз самата суштина на нашите слободи и нив да ги осудиме без никакви скриени огради (во стилот “Шарли Ебдо сепак премногу ги провоцираше и понижуваше муслиманите”). Би требало да ги отфрлиме сите ситни упатувања кон олеснителниот поширок контекст: браќата кои напаѓаат биле длабоко погодени од ужасите на американската окупација на Ирак (ОК, но зошто тогаш не нападнаа некој американски воен објект наместо француското сатирично списание?) Муслиманите на Запад фактички се одвај толерирано и експлоатирано малцинство (црните Африканци и уште повеќе, па сепак не учествуваат во бомбардирањето и убивањето итн.
Книгата „Исламот, атеизмот и модерноста” е прва објава на Славој Жижек на македонски јазик.