Објавен е конкурсот за доделување стипендии за студентите Роми

Министерството за образование и наука го објави конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2022/2023 година.

Од Министерството информираат дека со конкурсот се предвидени вкупно 135 стипендии за редовните студенти Роми.

Право на стипендија имаат студентите кои се припадници на Ромската етничка заедница, државјани на Република Северна Македонија и да не се корисници на стипендија од други установи, институции и компании.

Висината на стипендијата изнесува 5.000 денари месечно за девет месеци во текот на една студиска година.

Повеќе информации за критериумите според кој се доделуваат стипендиите и потребаната документација за аплицирање може да се видат тука.

Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на веб-сајтот http://e-uslugi.mon.gov.mk. Рокот за пријавување започнува денес (24 ноември) и ќе трае до 9 декември 2022 година.