Обид за рушeње Гинисов рекорд со најдолга презентација пред инвеститори

Нетворкер организира организира рушење на Гинисов рекорд за „longest pitch marathon“ на кој ќе се претстават над 90 бизнис идеи пред шест члена комисија и најдобрите ќе добијат инвестиција.

„Целта е со помош на оваа инвестиција да се валидираат и развијат идеите и спремат за странските инвестициски пазари. За да се сруши овој рекорд потребно е настанот да трае над 30 часа, каде секоја идеја ќе добие време од 10 минути за презентација“, велат од Нетворкер.

Од таму посочуваат дека инвестициски капитал постои за бизниси од нашава држава, но нема доволно идеи спремни за инвестиција.

„Tажното е што еден дел од идеите не стануваат никогаш спремни за инвестиција бидејќи нивното валидирање побарува големи ресурси, но имаат голем потенцијал за развој и скалабилност подоцна“, посочуваат од Нетворкер.

Објаснуваат дека во иницијативата можат да бидат дел претприемачи кои имаат идеја што сакаат да ја развијат, постоечки бизниси кои сакаат да ја претстават својата идеја пред јавноста и инвеститори кои сакаат да дојдат до супер таленти.

„Со организирање на овој настан добиваме можност да срушиме еден интересен Гинисов рекорд во нашата држава, да влеземе во книгата на славните, а секоја бизнис идеја да добие можност да биде видена, слушната, можност да биде реализирана и можност да постигне успех од светски размери“, велат од Нетворкер.

Заинтересираните може да се пријават на линкот.