Обама со поддршка за легализацијата на медицинска марихуана

Во пресрет на настанот „4/20“, неофицијалниот празник на канабис пушачите, претседателот на САД, Барак Обама се појави на CNN со посебен извештај „Пиреј3“ за подршка на легализацијата на дрогата, во кој како што вели тој, повеќе е за „јавниот здравствен модел“ наспроти „затворениот модел“, пренесува Индепендент.

Обама не ја прифаќа легализацијата на дрога, но даде сигнали за поддршка на предлогот за медицинска марихуана, подржан и од Ранд Паул.

Во интервјуто со Санџај Гупта кој е главен дописник за медицина но и отворен поддржувач на предлогот за легализација на медицинска марихуана, Обама изјави „Знаете, мислам дека тое е нешто што треба да го разгледам подетално.“

„Следам се, но мислам дека треба да биде препишана за медицинска употреба, ние треба да ја следиме науката наспроти идеологијата по ова прашање, меѓутоа морам да кажам и дека се повеќе се злоупотребува, некои од овие прашања се поврзани со злоупотреба на дрогата од јавниот здравствен модел, а не само не затворен модел и треба да го подобриме тоа“, рече Обама.

Многу новинари се обидоа да го поттикнат Обама отворено да зборува во врска со марихуаната и ова досега е најголема позитивна изјава од негова страна, откако претходно призна дека и тој самиот пушел во младоста и дека ја смета марихуаната за помалку опасна од алкохолот.

Легислативата има дадено голем финансиски поттик за Колорадо, каде што криминалот не е под влијание на законските измени, додека Орегон, државата Вашингтон и областа Колумбија успеаа да одобрат рекреативна употреба на дрогата. Годинава се очекува повеќе американски држави да направат чекори кон легализацијата на марихуаната за медицинско или рекреативно користење, пренесуваат медиумите.

Извор: Индепендент