Обама можеби ќе ја намали казната на Челси Менинг

Барак Обама ја стави Челси Менинг на потесна листа за намалување на нејзината 35-годишна затворска казна.

Челси Менинг, поранешен разузнавач на Армијата на САД кој беше осуден како Бредли Менинг, беше затворена во 2010 година откако предаде 700 илјади воени досиеја, дипломатски документи и видеа на Викиликс.

Но, според NBC News, претседателот на САД размислува да ја намали нејзината казна.

Дебора Менинг, тетка на Челси, за телевизискиот канал изјавила дека „има повеќе надеж сега од било кога од пресудата“.

„Мислам дека ова е последна надеж“, додава.

Менинг се обиде да се самоубие два пати минатата година, а во септември почна штрајк со глад за да добие операција за промена на полот.

Се верува дека новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, нема да одлучи во корист на 29-годишната затвореничка, и ќе остави да ја одлежи целата казна.

Менинг за Guardian изјави дека „никогаш немала шанса да живее, откако го поминала целиот живот како возрасна личност или како бездомник, или во војска, или во затвор“.

Додека Обама да ја напушти функцијата на претседател на 20 јануари, има ингеренција да ја намали казната или сосема да ја ослободи индивидуата осудена на криминал.

Менинг призна дека е виновна под неколку обвиненија во 2010 година, вклучително и за нарушување на Актот за шпионирање.