Обама ја намали затворската казна на Менинг, место 35 години ќе одлежи помалку од седум

Челси Менинг, поранешен војник на Армијата на САД кој стана еден од најзначајните свиркачи во денешно време, кога откри каква воена опрема се користи во Ирак и Авганистан, ќе биде ослободена од затвор во мај, како „подарок за заминување“ од претседателот Барак Обама.

Менинг требаше да отслужи 35-годишна казна, а е во затвор повеќе од шест години.

Ова е досега најхрабрата аболиција која Обама ја има потпишано. Тој ја искористи својата уставна моќ да ја ослободи Менинг само три дена пред да ја напушти Белата куќа.

Менинг ќе си оди од воениот затвор во Форт Ливенворт, Канзас, на 17 мај, речиси седум години откако беше приведена во база близу до Багдад поради прекршоци поврзани со протекувањето на воени тајни на Армијата на САД, објавени на Викиликс.

Ненси Холандер, адвокатката на Менинг, вели: „Не ми се верува – за 120 дена таа ќе биде слободна и сево ова ќе заврши. Ова е неверојатно“. Адвокатката разговарала со Guardian уште пред да успее да ја пренесе веста на Менинг.

Менинг имаше неколку обиди за самоубиство додека беше во затвор. Во 2010 година беше префрлена од Ирак и Кувајт, во воената база во Квантико, Вирџинија, каде издржа продолжен затвор во самица.

Откако и беше одбиена операција за промена на полот, Менинг имаше проблеми и со менталното здравје.