Обама избрка 35 руски дипломати поради наводно мешање во претседателските избори

Администрацијата на Обама во вторникот избрка 35 руски дипломати „во знак на одмазда“. Според американските разузнавачи, Русија наводно се мешала претседателските избори преку хакирање на системите.

Американските разузнавачки служби веруваат дека Русија нарачала сајбер-напади на Демократскиот национален комитет, кампањата на Хилари Клинтон и други политички организации, во обид да влијае на изборите во корист на кандидатот на Републиканците, Доналд Трамп.

„Издадов извршна одлука која обезбедува дополнителна надлежност за одговори при одредени сајвер активности кои се мешаат или го поткопуваат нашиот изборен процес и во институциите и на оние на нашите сојузници и партнери“, изјави Обама.

„Користејќи ја оваа нова ингеренција, санкционирав девет ентитети и индивидуи, и три компании кои нуделе материјална поддршка за овие сајбер операции“, додава.

Обама објави и дека ќе преземе повеќе чекори, од кои „некои нема да бидат објавени“.

Русија одговори дека ќе преземе итни контра-мерки, објави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Закарова.

На дипломатските бркања вообичаено се одговара со реципрочен чекор. Во 2001 година, Џорџ Буш избрка 51 руски дипломат за кои рече дека се шпиони. Русија одговори со наредба на 50 американски дипломати да ја напуштат државата.